Новости

Здрава исхрана

Комбинација на вашата храна ќе ви помогне да ги намалите вишокот килограми

Како и секогаш, периодот пред летото е исполнет со разговори и спроведување најразлични диети, одење во теретана и голем труд за да се доведе телото до совршена форма. Секогаш стигнуваат совети од сите страни и додека едни доста добро делуваат, други пак не даваат големи резултати. На сите нас ни е јасно дека е потребно да ја регулираме исхраната и да воведеме физичка активност, бидејќи тоа е добитната комбинација. А, ова пак се комбинацијата на производи кои би требало да ги консумирате во рамките на еден оброк и тие ќе ви го дадат токму тоа што го посакувате, губење на килограмите со доста голема брзина и без мака.

1. Секогаш заедно комбинирајте јајца и зеленчук, односно варени јајца и некои салати, со кои ќе добиете ручек полн со потребните витамини и состојки кои ќе ве заситат и ќе му го дадат сето она што му е потребно на вашиот организам. Тоа ќе влијае метаболизмот да ви работи побрзо.

2. Доколку сакате риба, еден ваш оброк може да биде туна во парчиња, со висок квалитет, која ќе има еден занимлив додаток во вид на зачин, а тоа е свеж ѓумбир. Ѓумбирот е добро познат како антиоксиданс и намирница што е одлична во топењето на масните наслаги.

3. Ако ги сакате зелените овошја и зеленчуци, комбинацијата која ќе влијае на редукција на вашите килограми е авокадото и спанаќот споени во еден оброк.

4. Еве една идеја за лесен појадок, а може да ви послужи и како идеја за некоја лесна вечера. Шолја кисела павлака заедно со неколку бадеми нема да бидат само вкусен, туку и доста здрав оброк.

5. За оваа комбинација и не мораме многу да пишуваме. Нека вашиот ден биде проследен со една до две шолји зелен чај во кој ќе додадете отприлика половина лимон.

6. Доколку сакате да јадете зрнест зеленчук, тогаш секогаш комбинирајте го со пченка, бидејќи тоа е добитна комбинација кога ќе посакате да ја регулирате вашата исхрана и со неа да ги изгубите килограмите.

7. На сите ни е познато дека пилешкото месо е најздравото од сите останати, па затоа и редовно би требало да го консумирате. Во комбинација со салати, како главно јадење, пилешкото месо е одличен избор, а кога е диетата во тек, додајте и црвени пиперчиња кои позитивно ќе влијаат на отстранувањето на масните наслаги.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Кафе Пауза

GOLD
To Top