Новости

Здрава исхрана

Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации

Содата бикарбона (натриум хидроген карбонат) има широка примена во индустријата, исхраната и одржување на хигиената, но и како лек поради поволните ефекти врз здравјето, поради што и се препорачува секогаш да се има при рака. Ја користеле и старите Египќани како средство за чистење и за готвење.

Одлично е што нешто со толку пристапна цена, како што е содата бикарбона има разни корисни примени од козметиката за нега и убавина, до кујната за чистење и подготовка на печива, па и како природен лек кој е познат и практикуван во народната медицина уште многу одамна. Во оваа прилика, споделуваме пошироки информации за нејзините основни и најпознати употреби во светот и кај нас, како и ве потсетуваме на неколку едноставни методи кои може да ви користат и тоа како.

Содата бикарбона е на листата на дозволени адитиви

Содата бикарбона која уште е позната како натриум бикарбонат или натриум хидроген карбонат (NaHCO3) е можеби единствениот безопасен, неоргански хемиски елемент кој докажано има повеќекратно корисно дејство како лек, козметичко средство, средство за чистење, за нега и лична хигиена, апсорбенс на мириси и сл. Исто така, содата бикарбона е кодирана од страна на ЕУ како прехранбен адитив кој се наоѓа на списокот на дозволени адитиви. Се означува со Е500, па ако ја видите оваа ознака на некоја етикета, добро е да знаете дека не е штетна за организмот, туку напротив, корисна состојка.

Помага за ублажување на киселоста во организмот

Растворена во вода дава базна средина, а кога реагира со киселини ослободува вода и јаглероден диоксид. Поради тие нејзини особини се користи во фармацевтската индустрија како антацид односно, средство против киселини во желудникот. Но, како и со било кој друг препарат, макар и на природна база, треба да се внимава. Се мисли на тоа што, ако се претера со земената доза сода бикарбона, тоа може да доведе до зголемување на рH вредноста на крвта, а вишокот на натриумот може да го покачи волуменот на крвта и крвниот притисок, поради што се зголемува ризикот од хипертензија и отоци.

Што вели истражувањето на италијанскиот Д-р Симончини за содата бикарбона без алуминиум?

Во едно истражување спроведено од Д-р Симончини, тој тврди дека најуспешен лек против канцер е токму содата бикарбона без алуминиум. Ова тврдење, го направило италијанскиот онколог Д-р Тулио Симончини доста познат. Тој сметал дека открил како оваа ефтина и на сите достапна нетоксична супстанција ги лечи повеќето видови на тумор (освен тумор на мозокот и коските). Притоа, неговата фундаментална теорија била дека со бикарбонатната терапија треба да се спречи или излечи предизвикувачот на ракот – габичната инфекција Candida albicans. За што тој рекол: „Заради особината драстично да ја зголеми рH вредноста на крвта, содата бикарбона ја уништува кандидата, која егзистира во многу кисела средина, но и се храни со шеќери.“ За третман, превенција и лечење Д-р Симоничини ја препорачува употребата на т.н. медицинска или фармацевтска сода бикарбона без алуминиум. Сепак, неговото тврдење не е поддржано, а тој и натаму работи на докажување на својата пракса и совети.

Со содата бикарбона без алуминиум може да си одржувате домашна козметичката нега

Како и со секој препарат кој го купуваме, така и со содата бикарбона без алуминиум, треба да знаеме правилно да ја користиме. Има многу корисни можности, а советуваме да ја употребувате совесно и без претерување, за ефектите да се оптимални и во корист на вашето здравје и убавина:

Спасете се од чешањето по убод од комарец. Ублажете го неподносливото чешање после убод од комарец, така што на местото ќе нанесете паста од сода бикарбона со малку вода или едноставно само посипете го со сода. Доколку правите паста, во неа може да додадете и капка етерично масло од лаванда.

Во вид на природен дезодоранс. Доколку сакате да го избегнете токсичниот парабен од купечките дезодоранси, едноставно промешајте прстофат сода бикарбона без алуминиум со вода и нанесете ја под пазувите.
Како пилинг за тело. Измешајте една лажица сода бикарбона и лажица мед и со нежни кружни движења поминете преку лицето или телото, па преплакнете се со млака вода. После овој пилинг кожата ќе ви биде свежа, мазна и затегната.
За темелно чистење на косата. Пред да го нанесете шампонот на косата, со помош на дланките и прстите втријте мала количина сода бикарбона. На овој начин вашата коса ќе биде темелно чиста.

Содата бикарбона е пријател на вашата кујна

Со неа лесно може да ја исчистите рерната, загорените тенџериња или закоравените нечистотии од кујната даска за сечкање или другите корисни површини:

Исчистете ја рерната. Посипете сода бикарбона и малку вода, па оставете да стои преку ноќ. Утрото лесно ќе може да ја исчистите рерната без многу триење.

Исчистете ги загорените тави и тенџериња. Попрскајте ги со содата бикарбона на Витаминка, а притоа добро разнесете ја по целата површина. Направете топка од алуминиумска фолија и со неа добро истријте ги дамките. Ова важи за садови кои се нелепливи и отпорни на триење. На крај, измијте ги како и обично, со детергент за садови.

Освежете ја даската за сечкање. Направете паста од една лажичка сол, една лажичка сода бикарбона и малку вода или сок од лимон, а потоа добро истријте ја и исплакнете со топла вода.

Неутрализирајте го лошиот мирис од кантата за ѓубре. Доволно е да посипете сода бикарбона во кантата, а потоа ставете нова кеса. Тоа ќе помогне да се отстрани мирисот.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top