Новости

Здрава исхрана

Лековити дејства на маслото од семки од тиква

Се работи за масло од семки од тиква, кое освен што е лековито и ароматично, е и суперхранливо бидејќи е полно со минерали, витамини, протеини и незаситени масни киселини.

Секако, најквалитетно е ладно цеденото и треба да се консумира како додаток во храна, без негова термичка обработка.
1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем и ги прочистува цревата.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи, како што се домашните ванилици.

GOLD
To Top