Новости

Здрава исхрана

Најдобри пробиотици за здрава есен

Благодарение на микроорганизмите што ги содржат, пробиотиците се многу важни за зачувување на здравјето. Го зајакнуваат имунитетот, позитивно делуваат врз варењето, а важни се и за убавината затоа што со нив вашата кожа и коса ќе блескаат. Обидете се да консумирате барем еден пробиотик дневно, а ние ви откриваме неколку кои се најдобри за вас.

Јогурт

Нискокалоричниот јогурт без конзерванси и адитиви е одличен избор. Јогуртот содржи бактерии што му помагаат на организмот добро да функционира, ја регулира цревната флора и го подобрува варењето.

Кефир
Богат е со витамини и пробиотици. Вкусен е и одличен извор на здравје, па секако би требало да го вклучите во исхраната.

Темно чоколадо
Чоколадото содржи пробиотици, антиоксиданси, го стимулира системот за варење. Освен тоа, докажано е дека не прави посреќни. Ви треба ли уште некоја причина за да уживате во дневната доза чоколадо?

Маслинки
Овој пробиотик е сигурно еден од највкусните. Има бројни користи за телото, а можете да го јадете на безброј начини.

Кисели краставици

Одлично оди со речиси секое јадење. Бидејжи се добри за здравјето и за варењето, секако би требало да ги јадете што почесто.

GOLD
To Top