Новости

Здрава исхрана

Неколку причини зошто треба да пиеме какао

Наредниот пат кога ќе посегнете да си направите којзнае кое по ред кафе во денот, направете поинаков избор. Направете си шолја топло какао и веднаш ќе си го подобрите расположението. Исто така, какаото ќе ја подобри вашата концентрација.

Топлиот напиток од детството треба да продолжиме да го пиеме понатаму во животот.

Овој пијалок е добар за коските, но освен за нив какаото се смета и како чувар на крвните садови. Едно истражување покажало дека со секојдневно консумирање на овој пијалок се прочистуваат крвните садови, а со тоа се спречуваат многу срцеви заболувања.

Какаото е одговорно за транспортот на холестеролот од ѕидовите на артериите во црниот дроб, каде преку жолчката го исфрла надвор од телото.

Научниците препорачуваат секој ден да се внесуваат барем по 20 грама какао за да се заштитиме од инфаркт.

Сите го имаме дома, а до сега не сме знаеле дека е толку многу здраво.

GOLD
To Top