Новости

Здрава исхрана

Ова е најлошото време за ручек

Кога јадеме, речиси подеднакво е важно како и тоа што го јадеме ако сакаме да ослабеме. Секој кој е на диета би требало да знае дека оброците, особено ручекот, треба да се јадат во одредено време за килограмите успешно да се изгубат. A знаете ли кое е најлошото време за јадење ручек ако сакате да ослабете?

Шпанска студија спроведена на 1.200 испитаници со прекумерна тежина покажа дека предоцното консумирање ручек, поточно по 15 часот, резултира со губење помалку килограми. Студијата проучувала одреден протеин клучен за движењето и согорувањето на калории низ телото.

Луѓето со специфична варијација на овој протеин изгубиле помалку килограми кога јаделе ручек после 15 часот во споредба со луѓето кои јаделе ручек пред 15 часот. А поради што ручекот може да го саботира слабеењето? Научниците објаснуваат дека циркадскиот ритам, како и чувството на поспаност, во нашето тело го контролира и чувството на глад.

Метаболизмот е индивидуален механизам, а времето на консумирање на храна во однос на циркадскиот ритам може да влијае на губење на тежината. Циркадскиот ритам, исто така го контролира лачењето на инсулин во телото. Јадењето во време кога телото е помалку чувствително на инсулин, маснотиите потешко ќе поминат низ телото и потешко ќе ослабете.

Додека времето во кое јадете ручек може да влијае на линијата, научниците не пронајдоа никаква разлика во слабеењето кога го проучувале времето за доручек и вечера. Причината за тоа може да биде и фактот дека истражувањето е спроведено во Шпанија во која луѓето речиси половина од дневниот внес на калории јадат за ручек.

Дека Шпанците добро прават, покажа една претходна студија која докажа дека луѓето кои ручекот им е главен оброк во денот, изгубиле повеќе килограми и имаат понизок индекс на телесна маса (BMI). Според податоците на Светската федерација за дебелина, околу 40 проценти од жените во САД имаат проблеми со дебелината, додека во земјите во кои ручекот е традиционално пообилен, тој процент е помал, како што се Шпанија (21,4 проценти), Германија (23,9 проценти) ) и Унгарија (31,3 проценти).

Извор: denar.mk

GOLD
To Top