Новости

Здрава исхрана

Откријте како да препознаете квалитетно маслиново масло

Купувањето на чисто маслиново масло е важно, било да го користите во исхраната или за нега на  вашата кожа и коса. Маслиновото масло е најздравиот додаток во салатите, па најчесто се препорачува да го користите во комбинација со свежа храна, на пример во салати, а помалку да се употребува за припрема на јадење.

Постојат повеќе разлики од еден до друг тип на маслиново масло, бидејќи некои производители во неговиот состав додаваат масло од соја, сончоглед или друго масло со послаб квалитет. Ако се уште не сте пронашле проверен бренд, дознаjте како да препознаете квалитетно маслиново масло. Постојат неколку начини да проверите.

Начини за тестирање на маслиново масло

Резултатите најдобро ќе ви ги покаже вашиот фрижидер. Ставете го маслото во фрижидер повеќе од 10 часа, ако се згусне и стврдни, тогаш станува збор за квалитетно маслиново масло. Бидејќи маслинките се различни, а и времето на берење може да има влијание врз времето кое му е потребно на маслото за да се згусни, за да бидете посигурни сепак најдобро е да го оставите до 24 часа во фрижидер (на ладно), а потоа да потврдите. При тоа, составот на маслиновото масло е од 70% мононезаситени масти, а сончогледовото масло содржин 70% полинезаситени масти. Кога ги чуваме во фрижидер, мононезаситените масти се цврсти или полуцврсти, а полинезаситените се секогаш течни. Така со овој тест квалитетното маслиновото масло ќе се зацврсти, а сончогледовото нема. Сепак препорачливо е маслото да не се чува во фрижидер, а со цел да се зачува неговата исправност секогаш купувајте масло кое е спакувано во темна амбалажа.

Исто така, можете да направите и тест со пламен кој дава приближна слика за квалитетот на маслото. Чистото маслиново масло би требало да гори кога ќе го запалите, но да има без чад и јак мирис, за разлика од рафинираното масло кое не би требало да гори воопшто.

Во секој случај треба да се спомне тестот за вкус. Кога се дегустира чисто маслиново масло, најмногу се чувствува вкусот на маслинки, за разлика од многу други масла кои имаат различни тонови.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top