Новости

Здрава исхрана

Редовното конзумирање смоква го намалува холестеролот и триглицеридите во крвта

Смоквата е овошје кое содржи и до 80% вода, а исто така содржи и најмногу шеќери во себе што го прави овошје кое обезбедува многу енергија која ја потикнува работата на мозокот, концентрацијата и помнењето. Па со оглед на тоа, можеме слободно да заклучиме дека смоквата е омилено овошје на мозокот.

Смоквата е овошје кое е подеднакво вкусно и здраво, свежо или сушено. Античките народи го сметале за свето овошје, го одгледувале и го конзумирале редовно. Стручњаците нагласуваат дека смоквата е овошје кое доколку редовно се користи делува успешно и на намалување на количеството на холестеролот и триглицеридите во крвта.

Во античките периоди биле познати околу 30 видови на смокви, додека денес се познати повеќе од 600, сите подеднакво, вкусни и здрави. Просечно во 100 г смоква се содржат следните елементи:

– Витамин А……………….142 мг.
– Витамин Ц………………. 2 мг.
– Витамин Е………………. 1 мг.
– Витамин Б6………….0,113 мг.
– Магнезиум…………….. 17 мг.
– Калциум………………… 35 мг.
– Калиум…………………..232 мг.
– Фосфор…………………. 14мг.
– Железо………………..0,400мг.

Како што можеме да видиме смоквите се одличен извор на калиум што го регулира крвниот притисок, богати се со растителни влакна што ја осигурува правилната дигестија. Експертите сметаат дека идеалната количина за конзумација е 5 смокви дневно.

Смоквите се богати со шеќери при што плодот не се препорачува за дијабетичари, но чајот од листовите од смоква го регулираат нивото на инсулин, па затоа на дијабетичарите се препорачува редовно користење на чај од листови од смоква.

GOLD
To Top