Новости

Здрава исхрана

Скандинавската диета е новиот светски хит

Уште една диета? Се чини секоја година дека некоја нова диета станува хит, за веќе неколку месеци да се замени со друга. Што се случува тука? Она што повеќето диети нудат е инстантно решение кое бара желба за постигнување на резултатот. Но, честопати желбата се противи на разумот.

Сузи Венгел, главен извршен директор на данската биотехнолошка компанија RiboTask, дизајнирала поинаков начин за постигнување на идеална тежина.

Таа е нутриционист, животен советник и претприемач, омажена за светски познатиот научник, професор Јеспер Венгел (одговорен за развој на вештачката ДНК). Таа има 40 години, и е мајка на две момчиња, и макеа на уште три деца, а во 2011 година изгубила 40 килограми со сопствен метод и ја задржала нејзината тежина. Како? Четириесет килограми не е малку…

На исхраната пристапила користејки го здравиот разум (кој како негде по пат да го изгубивме), и се фокусирала на размислување за навиките во исхраната и умереноста.

Книгата што ја опишува нејзината “патека” наскоро ќе биде на полиците во книжарите!

Ослабете и задржете ја новата тежина со револуционерната метода со рака

Престанете да ги броите калориите и постојано да ја мерите храната. Престанете да избегнувате масти и да јадете здодевни оброци. И онака се малку диетите кои резултираат со трајно губење на тежината. Скандинавската Сенсе диета нуди алтернатива – докажан и испитан начин на исхрана базиран на здравиот разум. Диета која нема да ги врати старите килограми. Никогаш!

Таа е прогласена за “наједноставна диета на светот”. Скандинавската Сенсе диета е дизајнирана на научна здрава мудрост која ќе ви помогне да изгубите тежина со мерење на вашата храна во рака. Четири раце по оброк поделени на протеини, јаглени хидрати и зеленчук заедно со лажица масти. Без сметање на калории. Нема вежбање (ако не сакате). Без забранети намирници, вие бирате што ви се допаѓа во локалниот супермаркет.

Во книгата е претставен комплетен деветдневен план на диетата, со одлични рецепти за жени и мажи, кои ќе ви помогнат да ја прилагодите исхраната што одговара на вашиот животен стил и засекогаш да ја решите вашата тешкотија поради прекумерна тежина.

GOLD
To Top