Новости

Здрава исхрана

Со семки од тиква во борба против рак и лошо расположение

Ова мало чудо на природата, за кое не сме воопшто свесни за неговата хранлива вредност, е голем помошник во борбата против канцерогените клетки, но и против лошото расположение.

Семките од тиква се богати со протеини, магнезиум, влакна, манган и фосфор. Ако сакате да го зајакнете имунитетот и да му помогнете на вашиот организам да да развива здрави клетки, ако сакате да го подобрите сонот, видот и кожата, за што е потребно цинк, токму семките од тиква содржат висок процент на цинк.

Овие чудесни семки содржат соединенија кои му помагаат на организмот да се избори против канцерогените клетки.

Германска студија покажа дека жените кои минуваат низ менопауза, а ја внесуваат дневно препорачаната доза на семки од тиква, го намалуваат ризикот за рак на дојка за дури 23 отсто.

Маслото од семките од тиква е исклучително делотворно и во третман кај зголемена простата. Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданти кои се борат против слободните радикали во организмот и со тоа го спречуваат настанокот на клетки кои предизвикуваат рак.

Семките од тиква се одличен извор на протеини и претставуваат клучни намирници во борбата со вишокот на килограми. Една рака семки од тиква содржи во просек пет грама протеини, кои ви помагаат подолго време да се чувствувате сити.

Семките од тиква се препорачуваат за добро физичко но и ментално здравје на организмот, бидејќи помагаат и во борбата против стресот.

Но, како и сите јаткасти плодови, освен што се исклучително хранливи, семките од тиква се и исклучително калорични. Една шолја семки од тиква содржи околу 285 калории, така што не е препорачливо да се консумира поголемо количество од 30-тина грама

GOLD
To Top