Новости

Здрава исхрана

Сѐ за храна: Ајдучка трева – начини на користење

Докажано е дека ајдучката трева го стопира крварењето, помага при хемороиди и вагинални инфекции, го забрзува зараснувањето исечениците и раните. Екстрактите од ајдучка трева се делотворни при цисти, воспаление на јајчниците и ендометриоза.

Младите листови и цветови од ајдучка трева покрај тоа што се користат во фармацевтската индустрија за изработка на лекови, може да се консумираат како салата. Од ајдучката трева во народната медицина се прават различни домашни препарати кои се користат при следните здравствени проблеми:

  • Чај – се препорачува да се консумира топол при настинки и ладен при циститис.
  • Тинктура – при проблеми со репродуктивниот систем и покачен крвен притисок.
  • Бањи – при иритации на кожата.
  • Седечки бањи – за циститис, вагинални инфекции, хемороиди, обилни менструации.
  • Есенцијално масло – при воспаленија на кожата.

Чај од ајдучка трева

Цветовите, листовите и стеблото на ајдучката трева може да се користат за правење на медицински чај за лекување на благи респираторни инфекции, покачена температура, гребнатинки и оспи на кожата. Чајот од ајдучка трева некогаш бил популарен домашен лек за настинки и грип. При подготовка на чај може да се користи свежа или сушена ајдучка трева. Чајот од ајдучка трева има горчлив вкус, а по желба може да се заслади со мед или шеќер.

Состојки:

  • 1 лажиче сушена ајдучка трева (или 3 свежи цветови)
  • 200 милилитри вода
  • ½ лажица свеж сок од лимон
  • 1 лажиче шеќер

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ја водата да зоврие.
  2. Во врелата вода ставете ја ајдучката трева, садот поклопете го и оставете го за време од 10 минути. Чајот процедете го, а по желба засладете го и додадете свеж сок од лимон.
  3. Се препорачува чајот да се консумира додека е топол!

При користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алергија. Затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини. За време на бременоста, препорачливо е да се избегнува употребата на ајдучка трева.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top