Новости

Здрава исхрана

Есента е тешко да се замисли без мандарини – Еве зошто треба да ги конзумирате секој ден

Мандарините спаѓаат во групата на цитруси, како портокалите и клементините, потекнуваат од Југоисточна Азија, а во нашата средина се одгледуваат од 19 век. Мандарините имаат многу благодети, па во продолжение еве зошто треба да ги конзумираме секој ден:

-Мандарината е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот на организмот и борбата против сезонските болести, чии симптоми ги ублажува и го забрзува закрепнувањето.

-Ако ги јадете секој ден, постои голема веројатност да изгубите некој вишок килограми. Мандарините се богати со влакна и имаат многу малку калории. Ќе ве држи сити и нема да се здебелите.

-Мандарината е и добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Евротип
SNBROKER
To Top