Новости

Здрава исхрана

Рецепт за освежителен пијалак од лубеница кој морате да го пробате

Лубеницата е омилената летна храна на многумина. Не само што има сладок, освежителен вкус кој е идеален за летните денови туку е и богата со хранливи материи. Така, таа е одличен извор на витамини А и Ц, калиум и магнезиум. Освен тоа, богата е и со вода и содржи само околу 30 калории на 100 грама производ, па затоа се препорачува за луѓе кои сакаат да ослабат или да ја задржат моменталната телесна тежина.

Повеќето од нас уживаат во свежа лубеница, но можете да ја искористите и да приготвите освежителен пијалак при што ви се потребни само 4 состојки.

Потребни состојки:

600 грама лубеница
20 коцки мраз
2 лажици мед
1 лажица сок од лимета

Начин на подготовка:

1. Исчистете ја лубеницата и исечете ја на помали парчиња.

2. Ставете ги парчињата лубеница во блендер и измешајте ги заедно со медот и сокот од лимета.

3. Додадете коцки мраз и мешајте сè додека состојките не се соединат. Веднаш послужете. На здравје!

Евротип
SNBROKER
To Top