Новости

Здрава исхрана

Циметот – Состојка што ќе ви биде сојузник за слабеење во есенскиот период

Освен што неговата миризба е неодолива и тоа што овој зачин совршено се вклопува во многу есенски десерти, варено вино или колаиња, циметот има и многи бенифити поврзани со нашето здравје.

Имено, циметот го намалува апетитот и желбата за храна и помага во контролата на внесот на нездрава храна.

Покрај тоа, водата со цимет може да помогне за подобрување на варењето, бидејќи го стимулира производството на плунка и дигестивни ензими. Циметот, исто така, помага во разградување на мрсната храна, што ја прави полесно да се вари. Пиењето вода со цимет пред оброците може да помогне да се намали надуеноста и гасовите, како и симптомот како гадење. Покрај тоа, циметот е природен антисептик кој може да ги уништи штетните бактерии во цревата. Ова може да помогне во одржувањето на здравјето и правилното функционирање на дигестивниот систем.

Во продолжение ви го препорачуваме овој едноставен рецепт кој треба да го конзумирате неколку пати во денот за да стигнете до посакувани резултати.

Состојки:

500 мл вода
1 стапче цимет или 3 прстофат цимет во прав

Подготовка:

Оставете ја водата да зоврие, па тргнете ја од оган и додадете стапче цимет или цимет во прав и покријте ја со фолија, па оставете ја да отстои најмалку два часа.

По желба додадете мед или лимон и консумирајте неколку пати во текот на денот.

Најдобро време за консумирање на овој пијалок

Ако сакате да ослабете, најдобро време за пиење вода со цимет е наутро, пред појадок, бидејќи тогаш вашето тело е најподготвено да согорува масти и да ослабе. Пиењето вода со цимет пред појадокот помага да го започнете вашиот метаболизам и да го започнете денот полн со енергија. Можете да го пиете и подоцна во текот на денот, околу ручек или рано навечер. Само внимавајте да не го пиете пред спиење, бидејќи циметот може да влијае на квалитетот на вашиот сон.

Евротип
SNBROKER
To Top