Новости

Здрава исхрана

5 предности на лутата храна

Има многу луѓе кои избегнуваат лути пиперчиња или лута пипер, но ако јадеме во умерена доза може да искористиме одредени предности на лутата храна.

Лицата кои уживаат во лутата пикантна храна користат повеќе здравствени придобивки. Еве зошто се препорачува да јадете лута храна во умерени количини.

Лутото помага при слабеење

Дополнителното зачинување на храната со лути додатоци помага за намалување на телесната тежина. Истражувањата покажале дека фефероните содржат капсаицин. Тоа е состојка која има термогено дејство која на телото му служи како помошник за согорување на калории.

Лутата храна помага во превенција од рак

Истражувањата покажуваат дека капсаицинот исто така ги уништува клетките на ракот. Фефероните и останатите лути пиперчиња помагаат во борбата против настинката, служи како превенција од мозочен удар, а спречува и дебелина.

Го штити срцето

Лутите пиперчиња штитат од болести на кардиоваскуларниот систем, го намалуваат ризикот од инфаркт и мозочен удар, а го намалуваат и штетното влијание на холестеролот.

Го снижува крвниот притисок

Научно е докажано дека лутите пиперчиња го снижуваат крвниот притисок и ги опуштаат крвните садови.

Лутото ослободува од бесот

Лутата храна предизвикува зголемено лачење на серотонин, а тоа е добро познатиот хормон заради кој се чувствуваме добро и среќно. Така, лутите пиперчиња делуваат корисно против депресија.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top