Новости

Направи сам

Велигденски јајца вапцани во омбре-стил

Бојадисувањата јајца може да биде забавно за целото семејство, а впечатливоста на декорираното јајце ја претставува нашата фантазија и креативност.

Бојадисаните јајца во омбре стил изгледаат весело, а со нијансите може да си поиграте.

Еве како би можеле да ги направите велигденските јајца во омбре стил.

Јајцата сварете ги и оставете да се изладат и исушат. Во плиток сад или тегла истурете прст до два прста вода и додадете бои во нијанси по желба.

Земете едно јајце во раката и долниот дел од него натопете го во бојата и така држете го најмалку една минута, ако е потребно и подолго, се додека не го добиете саканиот интензитет на боја.

Потоа, во садот додадете уште два прста вода и натопете го јајцето до половина, повторно  до дното на садот, и така држете го околу 30 секунди.

Откако ќе ја добиете и втората нијанса, додадете ја во садот истата количина на вода, и повторете ја постапката, но овојпат натопете го целото јајце. Така држете го уште 10 до 20 секунди и веќе ја имате и третата нијанса.

Извадете го јајцето и оставете да се исуши. Пред вас е едно весело јајце во три нијасни, односно во омбре стил.

Пробајте, забавувајте се, уживајте во нијансирањето. Резултатот е прекрасен.

GOLD
To Top