Новости

Направи сам

Декорирање велигденски јајца со салфетки

Ова е можеби една од најлесните техники за фарбање на јајца.

Потребни ви се:

-јајца

-салфети со интересни дизајни

-домашно подготвен шербет

Најпрво го правите шербетот кој не треба да биде многу густ. Сварете една шолја вода со 5 лажици шеќер и тоа е сосема доволно. Во меѓувреме ги варите јајцата, кои мора да бидат врели во моментот кога ги ставате парчињата салфети над нив.

Техниката е едноставна. Трослојната салфета ја делите на најтенки слоеви. Онаа со принт на неа ја сечете според дизајните. За да ви биде полесно лепењето, сечете што помали парчиња. Потоа го ставате парчето салфета ја врело јајце и над него со лажица преливате малку шербет. Салфетата веднаш ќе се залепи за јајцето. Истото го правите се додека не го обложите целото јајце со салфета.

GOLD
To Top