Новости

Направи сам

Искористете го старото кафе за нега на кожата

Доколку ви преостанало мелено кафе кое веќе ја изгубило аромата и вкусот, немојте да го фрлите. Истото може да го искористите за нега на кожата. Ви претставуваме 2 идеи со кои може да направите пилинг и да го намалите целулитот.

Можеби сте слушнале дека кафето е добро за нега на кожа и коса, а досега имаме споделено многу рецепти со кафе, токму за убавината и негата.

Направете ароматичен пилинг за кожата

Пилингот од кафе лесно се прави, и ѝ помага на кожата да го врати сјајот. Може да го користите за тело или да ја освежите кожата на лицето, а најдобро од сè, е што е воопшто не скап.

Состојки:

  • мелено кафе
  • кокосово масло
  • маслиново масло.

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го меленото кафе во сооднос 1:1 со кокосовото и маслиновото масло.
  2. На овој начин ќе добиете пилинг крем кој може да го користите на ист начин како и купечките препарати со слична намена.

Намалете го целулитот со помош на кафе

Потрагата по козметички средства кои ќе го победат целулитот се одвива многу години. Целулитот најчесто се јавува на задникот, нозете, бутовите, стомакот, рацете и е причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени. Можеби сте забележале дека во последно време, голем број на анти-целулитни кремови кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин. Познато е дека кофеинот ги проширува крвните садови, така што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се подобрува циркулацијата, а со тоа се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска мастите кон кожата. На тој начин се постигнува убава кожа без целулит.

Состојки:

  • мелено кафе
  • кокосово масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Меленото кафе промешајте го со кокосово масло.
  2. Вака добиената смеса за време на туширање втријте ја на местата со целулит со помош на нежни кружни движења.
  3. Постапката треба да се повторува секој ден во рок од две недели.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top