Новости

Направи сам

Како да ги исчистите рацете откако ќе ги офарбате јајцата

Понекогаш, колку и да внимаваме, при вапсувањето јајца се случуваат и незгоди и завршуваме со прсти обоени во сите бои.

Некогаш само сапун и вода не помагаат во отстранување на дамките. Можете да се обидете да истурите оцет во раката и да триете како со течен сапун. Повторете уште еднаш ако не успеете.

Втор начин е да се обидете со лимон. Тријте со парче лимон и бојата ќе се растопи и лесно ќе измиете после со сапун.

Можете да се обидете и со топла вода во која сте раствориле сода бикарбона. Потопете ги рацете околу три минути и потоа измијте со сапун.

 

GOLD
To Top