Новости

Направи сам

Како да засадите пченична трева за Велигден?

Пченичната трева е одлична за декорација за велигденските празници. Но, дали знаете дека поседува многу лековити својства и може да се користи за подготовка на смути и сок? Без разликата за која намена сакате да ја засадите, одберете еден од понудените начини и следете ги дополнителните совети за успешно засадување на пченична трева.

Прв начин на засадување на пченица со земја

Зрната пченица ставете ги во сад со вода. Потоа, оставете ги преку ноќ за да набабрат. Наредниот ден, во плиток сад ставете земја. Врз земјата се редат зрната пченица и се прикриваат со малку земја. Притоа, важно е земјата секојднвено да се прска со вода на собна температура.

Втор начин на засадување на пченична трева

Друг начин на кој може да засадите пченична трева е следниот. Во плиток сад ставете малку земја. Потоа распоредете ги зрната пченица. Важно е да ставите поголема количина на зрна за да добиете густа трева. Зрната пченица испрскајте ги со вода. Садот со зрната покријте го со најлонска фолија за да ја чува влагата. Штом забележите дека зрната се суви, отстранете ја најлонската фолија и повторно испрскајте ги со вода. Садот затворете го со фолијата. Постапката повторете ја додека тревата достигне до фолијата. По два дена треба да ги забележите првите никулци. За 7 до 10-тина дена треба да имате убава пченична трева. Постапката за засадување на пченична трева на овој начин погледнете ја на следното видео.

Дополнителни совети за засадување и искористување на пченична трева

Добро е пченицата да биде натопена во вода, околу два дена за да може да се јават никулци. Зрната може да ги замотате во влажна крпа и да ги оставите ден до два за да набабрат.

Ако сакате за побрзо време да имате пченична трева, садот ставете го на топло и добро осветлено место.

Пченичната трева може да ја искористите за јадење, за декорација на салати или како што споменавме за сок.

На што треба да внимавате при одгледување на пченична трева?

Пченичната трева не треба да стои во близина на многу топло место, блиску радијаторот или шпоретот. Повеќе и одговара собна или пониска температура.

Штом пченичната трева започне да расте, немојте често да ја прскате. Во садот кој ја одгледувате не треба да има премногу вода.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top