Новости

Направи сам

Како конечно да добиете виолетово обоени велигденски јајца?

За феноменални, виолетово обоени велигденски јајца нема да ви требаат разни фарби и техники, туку само најобично црно вино.

2 литри се доволни за 20 јајца, а постапката е следна: 

Јајцата измијте ги и распоредете ги во сад со ладно вино. Виното треба да ги покрива јајцата, бидејќи не смеете да ги вртите и мешате додека се варат, за бојата да не се уништи.

Оставете да се варат во виното максимум 30 минути, па тргнете ги од оган и оставете да се оладат.

Ако сакате поинтензивна боја, може да ги оставите да отстојат во виното и цели 24 часа.

При сушењето на бојата може да се формираат и кристали, па затоа не треба да ги премачкувате јајцата со масло по фарбањето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: ЦрноБело

GOLD
To Top