Новости

Направи сам

Најубавите цвеќиња за пролетно уредување на градината и терасата

Петунија
Петунија е вид на цвеќе кое често ги краси куќите, викендиците, влезовите на продавниците, кафичите и рестораните. Постојат многу различни нијанси и цвета од почетокот на пролетта па се до доцната есен. Се што и е потребно на петунијата е светлина и топлина.

Сардела
Ова растение е едно од најпопуларните декорации кое веќе долго гордо ги краси терасите. Сарделите ги поднесуваат добро дури и најдолгите суши а сакаат умерено наводнување.

Бегонија
Со асиметрични лисја, бујни цветни стебла, различни облици и бои, бегонијата е доста популарна во градините. Не бара голема грижа. Доволно е само да изберете место каде што сонцето ќе ја грее рано наутро и напладне. Не заборавајте дека во сенка бегонијата ги губи своите декоративни особини.

Лобелија
Лобелијата е идеално цвеќе за во градината. Цветовите се ситни, но доста густи и убави. Често се со сина боја но можат да бидат виолетови и бели. Лобелијата ќе ве воодушеви со својот раскош, но неопходно е да и обезбедите добро земјиште – хранливо но без хумус, и добро да ја наводнувате.

Вербена
Вербената е едногодишна билка која достигнува висина до пола метар. Цветовите се најчесто розови, црвени, виолетови и сини. Оваа билка е особена драга на пеперутките. Таа цвета од раната пролет па се до есента. Потребно е само да засадите семе и да почекате да порасне садница. После тоа, треба да ја пресадите во поголема саксија и да го чекате цветањето, да уживате во нејзината убавина и мирис.

Извор:srekja.mk

GOLD
To Top