Новости

Направи сам

Неколку декоративни идеи во врска со местењето на велигденската трпеза

Лалиња, вапцани јајца, миризба на зумбул, радост и неодолива празнична еуфорија. Се ближи големиот празник, а доколку се уште немате идеи во врска со декорациите, погледнете во нашата галерија од која веруваме дека ќе се инспирирате.

Салфетките во чиниите

Се се врти околу лалињата и зајчињата. Што и да правите, гледајте се да потсеќа на тоа и никогаш нема да погрешите.

Едноставно изрежете повеќе парчиња хартија на кој јасно ќе се гледа ликот на зајаченце, а потоа истата ставете ја над вашата салфетка и заврзете ја со коноп или каква и да е трака од конкретниот материјал кој ќе ви одговора.

…Или скинете лале од вашиот двор и ставете го над салфетката. Истите поврзете ги со трака која ќе ја завршите со панделка, и едноставно вашиот проект ќе биде готов. Лесно, едноставно, а крајниот производ е феноменален. Вашите гости ќе бидат воодушевени.

Во врска со вапцувањето и декорацијата

Ако сеуште немате испланирано како ќе бидат вапцани велигденските јајца, пробајте со нежни бои како бебешко розовата, лилавата, белата и жолтата. Доколку сакате сето тоа да изгледа феноменално, искористете го цветниот мотив. Залепете вештачки цвеќиња над нив или пак со помош на коноп или миле дополнете ја вашата фантастична декорација.

Избегнете ја монотонијата и предизвикајте насмевка особено кај помладите со велигденските јајца на кои едноставно ќе исцртате смешни карикатури. Можеби на прв поглед изгледаат тешки, но потрудете се.

Како да изгледаат вашите вазни? Најдолу оставете ги вапцаните јајца, а нагоре соберете буќет од големи и впечатливи цвеќиња кое ќе го скренат вниманието од страна на сите ваши гости.

GOLD
To Top