Новости

Направи сам

Природен лек од лук и пченица за циркулација и детоксикација

Лукот е познат и докажан лек од природата.  Во оваа прилика споделуваме како  да направите природен лек од лук и пченица за циркулација и детоксикација. Помогнете му на организмот да има чист црн дроб, здрави крвни садови, силен имун систем и одлична мозочна функција!

Лукот има силни антигабични и антибактериски својства. Најдобро е да користите свеж лук, но ако не сте љубител на неговата арома, може да користите лук во капсули. Бидејќи најдобро е да го користите во свежа состојба, еве како може да ја неутрализирате неговата миризба.

Состојки:

  • 5 лимони
  • 12 главици лук
  • 400 г пченични клици
  • 400 г јатки од ореви
  • 1 кг мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Пченицата измијте ја и ставете ја во сад со вода. Оставете ја да стои преку ноќта и исцедете ја водата по 10-12 часа. Потоа, оставете ја да стои уште 24 часа.
  2. Откако ќе помине тоа време, измелете ги оревите и пченицата и измешајте ги.
  3. Лукот исчистете го и исто така измелете го.
  4. Земете ги лимоните и неизлупени измелете ги. Претходно добро измијте ги и препорачливо е да ги почувате неколку часа во вода со сода бикарбона.
  5. Измелените лимони додајте ги во смесата.
  6. На крај додајте го медот и измешајте.
  7. Консумирајте по 1-2 лажици на ден и најдобро со дрвен прибор. На здравје!

sezahrana.mk

GOLD
To Top