Новости

Направи сам

Совети за тоа како темелно да го исчистите домот

Она што ја издвојува од сите советници слични на неа е погледот на чистењето, затоа што не станува збор само за познавање на сопствениот простор, туку и на себе си.

Чистењето е вештина, а не талент, па немојте да се обвинувате себе си затоа што не знаете како да чистите – заправо, не можете да чистите ако никогаш не сте научиле како се работи, вели Кондо, посебно на оние што се уверени дека се „едноставно неуредни“ и изгубени случаи кога станува збор за елиминирање на нередот. Чистењето е како танц, едноставен телесен чин, нешто што секој може да го научи.

Прво што треба да направите е да одлучите:

Дали нешто ќе фрлите или нема да фрлите;
Каде ќе го ставите она што ќе го задржите;
Можете да си верувате себе си и на своите чувства – на наведените чекори додадете им чувство: додека чистите, „почувствувајте“ ги нештата. Ако се чувствувате среќно, тогаш треба да ја задржите. М. Кондо е уверена дека себе си не можете да се излажете дека со слушањето на навалата на чувствата на среќа за она што го имаме на крајот ќе останеме со совршено количество предмети;
Немојте да се споредувате со никого – „Вие сте стандард“, истакнува М. Кондо. Вашиот процес на чистење не можете да го споредите со никого. Навалата на чувствата што ви вели нешто да задржите, но нешто да фрлите е само ваша и посебна;
Бидете подготвени да довршите, не само да започнете – немојте да ја потрошите целата енергија на извлекување на нештата што ги имате, прашањето е дали ќе имате волја повторно да почнете да расчистувате со цел да изберете се и да отстраните. Одработете нешто до крај, па дури тогаш тргнете во нова фаза на расчистување.
Заправо не се проблем нештата, туку вие – за сортирањето на облеката, книгите и ситниците М. Кондо говори на мошне посебен начин:

Нашите спомени не се нешто што треба да го чуваме, туку треба да го чуваме она што сме станале благодарение на тие искуства. Додека ги прегледувате своите нешта и додека одлучувате што ќе фрлите, го разгледувате сопственото минато.

Со отстранувањето на нештата што не ги употребувате и што не носат радост во вашиот дом, се решавате и од нештата што не носат радост во вашиот живот. А кога нешто ви носи радост, во вашиот гардeробер или во вашиот живот треба да го задржите. Тоа е толку едноставно, заклучува Мери Кондо.

GOLD
To Top