Новости

Направи сам

Внесете нешто ново во вашиот ентериерен престој – Сосема необични ѕидови за оние кои го избегнуваат клишето на варосување

,,Излезете од клишето, избегнете ја рутината!” се зборови кои се некако ги повторуваме. Веројатно очајно ни треба промена. Промена на светот надвор и промена на светот внатре, во она ,,најбогато” нешто наречено дом.

…И кога велиме богато, не мислиме дека се се овозможува само ако човек има материјални средства. Ние, веруваме дека за да направите нешто ново, не ви требаат големи брендови, звучни имиња или некои најнови тренди решенија кои би го промениле вашиот ентериер. Напротив, промената најпрво доаѓа од вашата внатрешност. Па што размислува и замислува умот, така и ќе биде. Еве една идеја за тоа како би ја поттикнале вашата имагинација во врска со пролетното реновирање. Се работи за ѕидовите кои доколку сакате да бидат во некоја поинаква стилска форма, можете да ги перцепирате со окото, а потоа визуелизирајте ги како би изгледале кај вас. Сепак внимавајте да не цела таа еуфорија замине предалеку и да не го претворите местото во кич.

GOLD
To Top