Новости

Направи сам

Животинскиот принт подготвен за новиот урбан тренд во вашиот дом

Animal – принтот или животинскиот принт, оваа есен ќе го гледаме во аутфитот потпишан од дизајните на големите модни куќи, но заразниот тренд го допира и ,,светот” на ентериерното урбано и т.н. дотерување на домот.

Тигрестиот принт ќе биде актуелен избор по кого се претендира, но и останатите ќе доминираат како погодна идеја за посебен есенски сјај во внатрешниот простор. Изгледа дека оваа идеја влече инспирација од нетипичното ,,вестерн” расположение, за кое мораме да признаеме, порано го оценувавме како кич. И бохо стилот секако игра улога и доминира во целосната слика.

Како и да е, си поврзуваме и со модните парчиња, па оваа година веројатно се е во таа насока. Палтата со животински принт и чизмите т.н. каубојки. Само, не можеме да знаеме дали вие ова би го сфатиле како вкус или тренд. Сепак, ако се двоумите, подобро е да се потпрете на втората варијанта.

Евротип
Евротип
To Top