Новости

Направи сам

Кожна сифа – Тренд број 1 во внатрешниот дизајн

Неславниот кожен тросед е повторно ин и доаѓа во многу поубаво и помодерно издание.

Ако ги следите модните трендови, тогаш веќе знаете дека кожата е насекаде. Без разлика дали станува збор за палта, панталони, чевли, таа е незаменлив дел од гардеробата на сите жени со стил, не само денес, туку и децении наназад.

Нејзината моќ да се направи луксузно парче, ја исјоеистија и дизајнерите на ентериер, па се повеќе се среќаваме со кожни парчиња за украсување на домот. Најновата опсесија? Кожна софа, кожен тросед!

Ако имате негативни асоцијации со оваа мисла на почетокот, дајте ни шанса да ве разубедиме. Денес, кожните софи кои доаѓаат во најневообичаени форми: заоблени, меки, живи и во комбинација со мермер или стакло, се олицетворение на модерниот минимализам.

Покрај формата, квалитетот е значајна причина за нивниот избор. Имено, мебелот од кожа трае четири пати подолго од оној направен од обична ткаенина, а ако се земе предвид фактот дека сме поминале повеќе време дома од кога било претходната година – тоа е од големо значење. Исто така е хипоалергична затоа што нема отворени влакна за да ја задржи прашината и другите бактерии – што е особено важно ако имате миленичиња. И посебна предност за деловните дами – кожата не бара долго и комплицирано чистење, влажна крпа и неколку минути се доволни. Значи полн погодог!

Извор: ELLE.rs

Евротип
Евротип
To Top