Новости

Направи сам

Еве кои се најголемите трендови за уредување на ентериерот оваа есен!

Време е да го стишиме разгорениот дух и колоритот, па на домот да му дадеме топлина што ќе ни асоцира на слатко ,,засолниште” од студените денови. Направете го домот совршено катче, ентериер во кој ќе уживате со чаша варено вино и добро друштво. Уживајте во мирисот на плодовите и есенското руво во кое ќе ги облечете вашите простории. Еве кои се трендовите за есен 2021.

Топли, земјени тонови

„Мислам дека се во земјени и неутрални тонови е совршено за подготвување дом за есен“, вели дизајнерката Аманда Еванс.

Се чини дека трендот на боја на теракота, популарен минатата година, прерасна во цела есенска палета – составена од топли, земјени тонови.

Песочните нијанси се одлични за додавање на потопло и попријатно чувство. Есенската портокалова, исто така, создава топлина и добро се вклопува со други неутрални тонови како сивата, објаснува Еванс.

Винтиџ и антички мебел и декор

Обновените и винтиџ детали се во мода за оваа есен 2021 година.

„Мислам дека пандемијата влијаеше врз потребата да се направи просторот не само пофункционален, туку и пошармантен, вели дизајнерката Британи Фаринас.

За некои, тоа значи да се изложи сетот стакло од баба. За други, наоѓање стари рамки за слики, свеќници, вазни и парчиња мебел. Античкиот мебел помешан со помодерни парчиња ја победува досадата во нашите домови.

Удобен текстил во природни матетијали

Потребно е многу малку за да се долови есенската атмосвера. Во случајот, пробајте со материјали, текстил кој ,,раскажува” дека времето надвор не потсеќа дека доаѓа есен. Дифтик, плишано ќебе изработено со единствени плетки. Ние токму тука би го додале и карираниот принт кој неминовно се вклопува во ова годишно време. Па џошто истиот да не би се вклопил и во оваа година.

Паравани

Параваните освен што се атрактивно ново актуелно ,,парче”, служат и да го поделат просторот и да маргинализираат ,,замислен” ѕид доколку тоа е потребно. Во секој случај првичната функција им е да направат вашиот дом да изгледа тренди.

Рустикални кујни

Деновите на белите кујни се завршени. Бојата на природниот мстеријал, како на дрвото се актуелни заедно со темните, а и шарените бои, сепак прикажувајќи ја есенската палета.

Внесете ја природата во вашиот ентериер

Новото урбано и стилски е во пресликувањето на природата во вашиот дом. Внесете зеленило и домашни цвеќиња во големи саксии или ќупови со пампас на пример. Азиската ,,клима” е тренди и подготвена да го дополни изгледот.

СН Брокер
To Top