Новости

Направи сам

Креативни идеи за есенско уредување на вашиот балкон

Мирис на дуња, компот суви сливи, топол планински чај и таму некаде низ душата, чувството дека си дома. Се некако ова годишно време не потсеќа на дома. … И туку од време на време ќе се почувствува и чадот од миризбите на печени пиперки…

Есен. Мевлем и топлина за душата. 

Обојте го вашиот балкон во есенско руво. Обрнете внимание на деталите. Задолжително играјте со боите на цвеќињата, кај нас наречени митровденки, поставете украси во вид на тикви или дуњи.

За дополнителен декор дополнете со фенери и винтиџ детали или сијалички. Не изоставувајте ги перниците, а во однос нс украсите и килимите, може да пробате и со бохо стил варијанта.

Неизбежно е некоја дебела плетка на еднобојно или секако карирано ќебе кое совршено ќе се вклопи во амбиентот додека вие уживате читајќи книга на вашиот балкон во комплетно ново есенско руво.

СН Брокер
To Top