Новости

Направи сам

Макскмализмот е најновиот тренд за декорирање на ентериерот – ,,Повеќе е повеќе”

Уредувањето на домот или желбата за тоа да се исполни и реализирањето на таа промена, секогаш потекнува од моменталното расположение кое пто се должи на вашето секојдневие.

За жал, со оглед на ситуацијата што цел свет го ,,затвори”, приморани сме да го поминуваме нсјголемиот дел од времето во нашите домови. Но, тоа и не е толку лошо доколку знаете да уживате!

Можеби токму затоа овој стил го заменува минимализмот кој преферираше едноставност, без многу бои и детали. Максимализмот е апсолутно спротивната негова страна и според ,,Pinterest”, деновиве тој е најпребаруван, а психолозите тврдат дека со оглед на ситуацијата, луѓето сакаат да го направат својот ентериер попријатно катче во кое ќе уживаат. Тој дозволува луѓето да експериментираат и им овозможува да бидат слободни.

Овој трднд преферира многу и го следи принципот ,,повеќе е повеќе”. Можеби звучи контрадикторно, но и максимализмот може визуелно да го зголеми малиот простор. А таквиот ефект би се постигнал доколку комбинирате детали во иста боја, предмети во слични модели и форми што всушност би предизвикале т.н. кохезија.

Инаку доколку сте се одлучиле за овој принцип, ставете детали кои ви значат, слики, спомени, цвеќиња, фотографии што ве прават среќни. Овој стил преферира да имате се што сакате во куп и докажано е дека го менувал расположението во позитивен контекст.

GOLD
To Top