Новости

Направи сам

Необични идеи за декорирање на велигденските јајца

Постојат милион креативни начини за декорирање на велигденските јајца. Ние издвоивме само неколку идеи кои се надеваме дека ќе ве инспирираат.

Декорации со помош на весник

Се што ви треба е стар весник, четкичка за боја и белка од јајце. Исечете делови од весникот, потпрете го на кората од јајцето и над него залепете го весникот со помош на белката од јајце што ќе ја нанесете со помош на четка.

Користете печати или маркер

Наједноставниот начин кој всушност изгледа елегантно, е да искористите печати или со помош на маркер над белата површина напишете дел од вашите омилени мотивациски реченици.

Ботанички декорации

Користете суво цвеќе или суви листови кои ќе ги нанесете на кората од велигденското јајце со помош на лепило. Или едноставно цвеќето завиткајте го со помош на коноп околу средината.

Салфетки или цртање со водни бои

И за овој начин ви се потребни белка од јајце, четка и боја. И се разбира салфетки со вашите омилени шари. Изрежете ги деловите, но внимавајте. Принтовите на салфетките треба да бидат мали, за да ја доловат нивната форма. Во спротивно, ефектот нема да се постигне.

Доколку се одлучите за водни бои, сепак мора да знаете да цртате, па ова им го оставаме на поединци, затоа што за ова декофирање, треба талент и секако…време!

 

,,Stylish” модерни декорации

Ако сте од оние кои не можат ни за момент да излезат од модниот свет, искористете ги принтовите од вашите омилени брендови.

GOLD
To Top