Новости

Направи сам

Нов и необичен начин како да го поставите огледалото во домот – голем тренд кај дизајнерите на ентериери

„Огледалце, огледалце кој е најубав на свет?“ Доколку и вие сте од оние нарциси кои го прифаќаат само позитивниот коментар од вашето огледало, или едноставно нели ги сакате огледалата поради причината што сами по себе се убави без вие да се огледувате во нив и визуелно го зголемуваат просторот, погледнете го нaјновиот тренд на нивното поставување во вашиот дневен престој, во вашата бања, спална соба или каде и да посакате да го сместите овој детал кој навистина ќе го пополни просторот, а сепак ќе го исполни вашето барање на ефектот за оптичка излузија.

Модерен ентериер, тадиционален, стар, барок или како и да е.. Огледалото е совршен детал ако не знате што да поставите на тоа место на ѕидот. Само одберете ги рамките кои ќе одговараат на бојата и стилот. Но, овој пат, не го закачувајте огледалото на ѕидот, наместо тоа само потпрете го. Погледнете како тоа штосно и необично изгледа. Следете го трендот на големите дизајнери штом станува збор за ентериерот и уживајте во топлината на вашиот уникатен дом.

 

Евротип
Евротип
To Top