Новости

Направи сам

Празни ѕидови? – Еве што може да употребите за да ја дополните декорацијата во домот

Скоро секогаш останува еден ѕид кој ни изгледа празен, па сме во потрага по идеја што штосно да ставиме на него за да го пополни просторот и совршено да одговара. Новиот урбан изглед кој е препорачан од големите брендови, дизајнери, архитекти или сите оние кои ги носат „правилата“ за урбаниот стил на домот, го даваат овој предлог.
Наредете што повеќе огледала во различн форми и големини. Се разбира дека ефектот на огледалото е оној познатиот излузионистички трик што овозможува визуелно зголмување на просторот, но овој пат не е во прашање само тоа. Стилскиот лик кој ќе му го дадете на домот, ќе направи вашиот ентериер да е оној кој ги следи најголемите трендови. Урбано, уникатно, едноставно и стилкси, но според нашиот вкус, бидејќи во секоја една работа се трудиме да најдиме латентна порака, можеби токму ова е новата приказна што сакаат да ја соопштат огледалата. А таа соскриена порака би звучела: „Доста се огледувате во минатото кое до сега го имавте на рамки со фотографии од некогаш, огледувајте се во сегашноста и секој момент нека ви биде различен!“

GOLD
To Top