Новости

Направи сам

Продолжете ја празничната атмосфера – Лесен начин да направите вашиот дом да мириса магично цела зима

Освежувачите за воздух што можете да ги купите во продавниците не се секогаш гаранција за ефектот што навистина го барате, a нивната арома често не е пријатна. Затоа вреди да пробате природен начин за вашиот дом секогаш да мириса токму онака како што сакате.

Освежувачот за воздух од цитрус ќе ги отстрани непријатните мириси и ќе ги задоволи дури и оние со пребирливо сетило за мирис. Се што ви треба за да го направите ќе најдете во вашата кујна или локална продавница, а не ви треба многу време за да го подготвите.

Состојки:

– Сок од јаболко
– кора од портокал или лимон
– мелено каранфилче
– Стапче од цимет

Подготовка:

Наполнете сад со сок од јаболко за да добиете сочен и овошен мирис. Меѓутоа, ако претпочитате понежен мирис, ставете повеќе вода.

Сварете ги, а потоа додадете кора од портокал или лимон, стапче цимет и лажица каранфилче. Откако смесата ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете да отстои околу еден час. Смесата можете да ја истурите во тегла или пак да ја истурите во сад кој ќе го исполни домот со мирис на цитрус.

Природната арома ќе ги воодушеви сите и никогаш повеќе нема да користите освежувачи за воздух купени во продавница.

Евротип
Евротип
To Top