Новости

Рецепти

ВИДЕО: Најлесниот рецепт за чоколадна новогодишна елка со 3 состојки

Ако празничната атмосфера веќе владее во вашиот дом со украсите, време е да ја внесете и во кујната.

Покажете ги вашите способности пред најблиските и направете ја најлесната чоколадна новогодишна елка за која ви се потребни само три состојки.

Одозгора може да ја декорирате по ваша желба, а тешко дека некој ќе одолее на овој сладок десерт со растопено чоколадо.

Нека започне целосно празничната магија – украсете ја и трпезата со новогодишни десерти.

Потребни состојки:

  • 250 g млечно чоколадо
  • 1 готово тесто за пита
  • Жолчка за премачкување
  • Додатоци по желба

Начин на подготовка:

Од коцките чоколадо формирајте триаголник врз тестото. Направете засеци на тестото од страните како во видеото и превртувајте ја секоја лента врз чоколадото така што ќе се формира облик на елка.

Премачкајте го тестото одозгора со жолчка од јајце и наросете мелени лешници или други додатоци по желба.

Печете 30 минути на 190˚С. Декорирајте со додатоци по желба.

GOLD
To Top