Новости

Рецепти

(Видео) Бургер од вашите сништа – Крофна Бургер

Maxwell’s Bar & Grill е ресторан во Лондон кој благодарение на своите иновативни идеи во менито, но и споделувањето вирални видеа успеа да заработи екстра 1 милион фунти. Токму тие вирални видеа ги привлекоа сите нови клиенти во ресторанот.

Последните две години тие ги измислија „Burger Cheesebomb“, „Unicorn Freakshakes“, а на нивната последна креација едноставно никој не може да одолее – „Donut Burger“ или Крофна Бургер.

Бургерот внатре има чедар и Монтереј Џек сирење, потоа сланина, сос, сецкани кисели краставички и плескавица од говедско месо.

Сето тоа завиткано во тесто, се пржи, па дури и се посипува со шеќер во прав. Кечапот внатре во крофната се става со шприц. Се сервира со помфрит и чини 14.95 фунти (17 евра).

 

 

Evrotip
Евротип
To Top