Новости

Рецепти

Вкусен македонски пинџур

Пиперките, патлиџанот и доматите испечете ги, излупете ги и измелете ги на машина за месо.

Состојки:
3 кг меснати црвени пиперки
250 г лути пиперки
150 г лук
1,5 кг модар патлиџан
1,5 кг домати
1 лажица шеќер
1 лажица сол
2 дл масло

Подготовка:
Пиперките, патлиџанот и доматите испечете ги, излупете ги и измелете ги на машина за месо. Лутите пиперки само благо испечете ги. Во лонец ставете масло да се загрее, додадете ја измелената смеса и пржете сè додека целата течност не испари. Додадете ги шеќерот, солта и ситно исечканиот лук.
Пржете уште 10-15 минути. Додадете ги печените лути пиперки, благо измешајте за да не се распаднат. Теглите треба да бидат топли, па сипете го пинџурот до врвот на теглата. Веднаш затворете ги со капак и превртете ги наопаку теглите. Оставете ги така додека не се изладат.

GOLD
To Top