Новости

Рецепти

Вкусна гриз баклава на прилепски начин

Вкусна гриз баклава на прилепски начин..

Состојки:

5 јајца

5 лажици шеќер

по 12 лажици масло и млеко

по 12 лажици гриз и брашно

100 гр. мелени ореви

200 гр. суво грозје

Шербет: 

750 гр. шеќер

250 мл. вода

1 лимон

Baklava

Подготовка: 

– Во пенесто изматените јајца со шеќерот (5 лажици кои ќе ги одземете од вкупната количина на шеќер) се додава млекото и маслото и промешајте. Се додаваат веќе измешаните брашно, гриз, пециво, сувото грозје и мелените ореви, изренданата кора од лимонот. Измешајте добро со шпатула да добиете хомогена смеса, истурете во подмачкано и побрашнето тавче 30х25. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Зависно од рерната. Проверете по веќе познатиот начин – со чепкалка.

Извадете од ререната кога е печено и оставете да се олади. Исечете на парчиња во форма која си ја сакате вие – триаголник, квадрат или правоаголник.

– Додека се лади ставете го во сад шеќерот, залијте со водата, додадете го исечениот на кругови лимон, нека се вари околу 5 мин или малку повеќе доколку го варите на бавен оган. Така врел истурете врз оладениот колач. Оставете да се впие шербетот, посипете со малку мелени или толчени ореви. Напомена – Додека се пече смесата ќе напука на по некои места, на додир ќе ја осетите тврда, дека е гриз баклава. 

 

 

 

 

 

Извор: Мои рецепти

GOLD
To Top