Новости

Рецепти

Вкусни печени уштипци од тиквици

Ако ви здодеало да ги похувате на класичен начин, да ги динстате или полните со мелено месо, имаме нова идеја! Подгответе ги највкусните уштипци од тиквици. Ќе ви требаат само неколку состојки!

Потребни состојки:
  • 2 тиквици
  • 1 јајце
  • 75 грама брашно
  • сол и бибер по желба
  • 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:

Измијте ги тиквиците, изрендајте ги, посолете ги и ставете ги во цедалка околу десет минути. Истиснете го вишокот вода и префрлете ги тиквиците во поголем сад. Измешајте ги изренданите тиквици со јајцето, брашното, солта и биберот и формирајте уштипци.

На врело тавче со малку масло испржете ги уштипците до двете страни, додека не добијат златно-кафеава боја. Послужете ги со малку павлака и сезонска салата по желба.

Совет: Во смесата може да додадете и сечкан праз. Вкусот ќе биде феноменален.

GOLD
To Top