Вкусни потпечени јаболка со цимет

Вкусот на јаболката и циметот се она што го прават ова јадење лесно за консумација и одлично за вашата трпеза. Состојките можете да ги разиграте и со сопствени додатоци и варијации.
Потребни состојки:
Јаболка по желба
½ шолја овесни снегулки
½ шолја кафеав шеќер
3 лажички цимет
1 лажичка каранфилче (по желба)
Коцка путер
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки кои го одбравте заедно со шеќерот и зачините. Јаболката измијте ги и издлабете ги со лажица. Наполнете ги со мешавината од чинијата.
На врвот на јаболката ставете коцка путер. Наредете ги во тенџере или тава и истурете ¼ шолја вода. Печете тивко 3 до 4 часа.
