Новости

Рецепти

Вкусно варено вино за зимските денови

За да се стоплите овие денови сигурни сме дека сакате да си овозможите вкусна шолја варено вино.

Вареното вино, најчесто се прави од црвено вино комбинирано со зачини и се служи топло. Овој традиционален пијалок најчесто се консумира во зимските денови.

Потребни состојки:

  • 1 л. црвено вино,
  • 1 чаша вода,
  • Сецкана кора од портокал,
  • Сецкана кора од половина лимон,
  • 100 гр. шеќер,
  • 1 стапче цимет,
  • 3 каранфилчиња,
  • Бибер.

Начин на приготвување:

Во тенџере на оган најпрвин се додаваат водата и шеќерот. Откога ќе зовријат се додаваат сецканата кора од лимонот и портокалот, каранфилчињата, циметот и малку бибер.

Сето ова се вари и меша. Потребно е течноста да згусне како шербет.

Откога ќе згусне се додава и виното и заедно да проврие уште 2-3. мин.

Консумирање:

Вареното вино се консумира топло во огнотпорни чаши.

Напомена:

Доколку виното е со покиселкаст вкус се додава повеќе шеќер. На здравје!

GOLD
To Top