Новости

Рецепти

Вкусно и здраво домашно чоколадо

За да уживате во вкусот на чоколадото, повеќе не мора да го купувате. Иако можеби нема да изгледа како купеното, со овој рецепт можете да направите вкусно и здраво чоколадо без шеќер, масти и адитиви.

Потребни состојки:

  • 70-100 грама какао во прав
  • 50 милилитри млеко
  • 2 лажици мед (наместо мед можете да употребите фруктоза или кокосов шеќер)
  • 50 грама обично или кокосово масло
  • Малку цимет

Начин на подготовка:

  • На тивок оган загрејте го млекото, но не му дозволувајте да зоврие. Промешајте, додајте ги маслото и циметот и повторно промешајте.
  • Во сад измешајте ја смесата со какао во прав. Какаото додавајте го постепено и со мешање за да не се формираат грутки.
  • Готовата смеса загрејте ја на тивок оган или пареа.
  • Тргнете го тенџерето од оган и додајте мед.
  • По желба можете да додадете исечкани или цели пропржени ореви, бадеми, лешници или суво овошје.
  • Смесата можете да ја ставите во калап или да ја поделите на мали делови. Оставете ја еден час во фрижидер, а потоа уживајте во домашно направеното чоколадо.
GOLD
To Top