Новости

Рецепти

Вкусно топло чоколадо со вино

И британски научници тврдат дека чоколадата и црвеното вино не само што се корисни туку би требало да бидат вклучени во редовната исхрана.

Еве еден интересен начин како да се спојот овие сјајни продукти во фантастичен напиток за загревање во посвежите есенски вечери. Рецептот е за две порции, а вие можете да ги прилагодувате количините според бројот на гостите.

Потребно е:

• 1,5 шолји млеко (не помалку од 2 % масленост)
• 1 шолја од вашето омилено црвено вино
• 1/3 шолја исечкано црно чоколадо
• За украсување: матен шлаг или манчмелоу

Приготвување: 

Во сад со долга рачка спојте ги млекото и чоколадото и ставете го на оган, на умерена температура. Мешајте постојано додека да се растопи чоколадото, и додека не добиете густо чоколадно млеко. Додадете го виното и повторно загрејте го напитокот. Сипете го чоколадното вино во керамички шолји и уживајте.

GOLD
To Top