Новости

Рецепти

Ден и ноќ: Превкусен колач во две бои

Многу вкусен колач, при што до израз доаѓа вкусот на ореви.

Потребни состојки:

За бисквитот

  • 6 јајца
  • 300 грама маргарин
  • 400 грама шеќер
  • 1,5 децилитри млеко
  • 500 грама остро брашно
  • 100 грама какао

За кремот

  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 140 грама шеќер
  • 200 грама маргарин
  • 100 грама ореви
  • 3 децилитри млеко

За преливот

  • млеко за бисквитот
  • 50 грама бело чоколадо
  • ореви
Приготвување:

Бисквит: Одвојте ги жолчките од белките. Изматете ги белките во цврст снег, па додајте половина од шеќерот и измешајте. Изматете го маргаринот со остатокот од шеќерот, додека не стане пенест.

Додека матите со миксерот, додајте ги жолчките. По две минути, додајте млеко, па матете уште некоја минута. Додајте ги и белките во смесата и со внимателно мешање додајте брашно. Мешајте додека не исчезнат сите грутки.

Поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едниот дел додајте какао. Во тепсија обложена со хартија за печење прелијте го прво белиот бисквит.

Печете 20 минути на 180 степени Целзиусови.

Истото повторете го и со темниот бисквит.

Крем: Во лонец ставете, чоколадо, шеќер, маргарин, млеко и ставете го тоа на тивок оган за да зоврие. На крај додајте ги оревите и измешајте го сето тоа. Прелијте ги бисквитите со врел крем.

Редење на колачите: На подлога ставете го белиот бисквит, попрскајте го со млеко, па врз него ставете половина од кремот, па потоа ставете го темниот бисквит. И него попрскајте го со млеко, а потоа ставете го другиот дел од кремот.

Оставете го колачот да се излади, па прелијте го со бело чоколадо кое претходно сте го стопиле на пареа или со парчиња ореви.

Добар апетит!

GOLD
To Top