Новости

Рецепти

За љубителите на благо: Рецепт за посна гриз торта

Ако сте љубител на благо и време на велигденските пости може да се почестите со торта, а еве еден едмоставен рецепт за посна гриз торта.

1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба
1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче со средна големина.

Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење.
Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз. Може одозгора да се нароси со кокос или цимет.Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.

GOLD
To Top