Новости

Рецепти

Идеја за ручек: Пилешко капрезе

Одличен оброк во кој ќе ужива целото семејство.

Состојки:

Две лажици маслиново масло

Сол и бибер по вкус

10-12 шери домати

Килограм пилешко месо

Половина шолја оцет балсамико

450 гр. моцарела

Свеж босилек

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. На тава сипете лажица маслиново масло, па со прсти и четка размачкајте по целата тава. Посолете со сол и бибер, додајте ги шери доматите исечени на половина и протресете ја тавата, за да доматот го впие маслото.

Пилешкото наредете го на средина, а доматите на страна. Преку месото сипете уште едната лажица маслиново масло и печете додека доматот не стане мек, околу 20-25 минути.

Во меѓувреме, во помало тавче сипете балсамико и оставете да зоврие на средна температура. Намалете го огинот и оставете да врие додека се згусне, околу 7-8 минути.

Извадете го тавчето од рерна, дојдајте моцарела сирење и печете уште 5-7 минути додека сирењето се растопи.

Одозгора на пилешкото наредете листови од босилок и сосот со балсамико.

GOLD
To Top