Новости

Рецепти

Крцкаво пилешко поховано во корнфлекс

Крцкаво и вкусно пилешко месо…

СОСТОЈКИ:

  • 2 парчиња пилешко филе
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 80 гр оштро брашно
  • сол
  • бибер
  • 1 лажичка лук во прав
  • малку лута пиперка
  • 300 гр пченкарен корнфлекс

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Пилешките гради исечкајте ги на тенки парчиња па посолете ги.
  2. Разматете јајца со јогурт и брашно, додајте зачини по желба.
  3. Пченкарните снегулки ставете ги во голема вреќа за замрзнување па исчукајте ги со чекан за месо.
  4. Во смесата од јајца, брашно и јогурт извалкајте ги парчињата месо па веднаш префрлете ги во чинија со издробен корнфлекс.
  5. Редете го пилешкото во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени 20 минути.

Добар апетит!

GOLD
To Top