Новости

Рецепти

Мафини со пршута и сирење

Брзи и вкусни солени мафини.

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр меко брашно
  • прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 90 гр путер
  • 1 јајце
  • 400 мл јогурт
  • 150 мл млеко
  • 1/2 лажичка босилек
  • 1 чешне лук
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 1/4 лажичка лута пипер
  • 100 гр рендано сирење ементалер
  • 75 гр пршута
  • масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Измешајте брашно со прашок за печиво, додајте сол, путер, јајце, јогурт, млеко, босилек, чешне лук, бибер, лута пипер, па сè добро измешајте со миксер.
  2. Во подготвената смеса на крај додајте и сирење, па од содржината со лажица ставајте во намастени калапи за мафини. Во мафините ставете ситни парчиња пршута, накапете малку масло, па печете 30 минути во рерна на 200 степени. Потоа мафините покријте ги со фолија и печете ги уште 15 минути.

Добар апетит!

GOLD
To Top