Новости

Рецепти

Мексиканска салца – вкусна зимница во тегла

Сите имаме омилена зимница која ја подготвуваме секоја година. Понекогаш во неа додаваме и по нешто ново, експериментираме со нови состојки или начин на подготовка.

Доаѓа периодотона подготовка на зимница, па годинава нека ви биде изненадување „Мексиканската салца“ – вкусна зимница во тегла, која ќе ве израдува вас и домашните кои сакаат пикантен вкус.

Што ви е потребно?

  • 1600 грама домати
  • 100 мл бело вино
  • 100 грама кромид
  • 2 чешниња луќ
  • 1 сецкана лута пиперка
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици босилек
  • 2 лажици мешан зачин

Ситно насецкајте го кромидот. Лукот ставете го во блендер убаво да се испасира. Загрејте го маслиновото масло и пржете го кромидот додека не добие златно-жолта боја. Додадете ги насецканите домати и промешајте.

Во смесата додатете ги лукот, мепаниот зачин и половина лажица насецкана лута пиперка. Варете го сосот на тивок оган. Потоа налејте вино и вода додека не ја постигнете саканата густина. На крајот врз готовата салца посипете со босилек. Доколку сакате оваа салца да стои подолго можете да додадете половина кесичка конзерванс и теглите да ги ставите на темно и ладно место.

Со салцата можете да ги прелиете њоките, макароните, шпагетите или едноставно користете ја како сос за крекери.

GOLD
To Top